Wellways е организација за поддршка на лица со ментални здравствени проблеми и онеспособени лица при службите во Викторија, Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Федералната територија на на главниот град на Австралија. Нашата организација беше основана во 1978 од страна на семејства кои се залагаа за подобрување на користењето на услуги, информации и поддршка како за лицата со ментални здравствени проблеми така и за нивните семејства и заедници.
Ние соработуваме со лицата кои живеат со ментални здравствени проблеми или лицата кои се онеспособени, како и со нивните семејства, пријатели и негуватели. Тука се вклучени лица од многу различни културни потекла.
Исто така, соработуваме со докторите од општа пракса, болниците, здравствените организации и групи во заедницата за да им овозможиме на лицата да ги користат нашите услуги и програми во заедниците каде што тие живеат. Им помагаме на лицата да ги утврдат сопствените потреби и цели и да го подобрат нивниот живот. Тоа може да вклучува одржување на нивниот дом, наоѓање и задржување на работа, учествување во заедницата и формирање на врски со други лица. Нашата цел е да помогнеме при создавањето на гостољубиви заеднициво кои сите лица ќе чувствуваат дека припаѓаат во нив.
Разбираме дека можеби не е лесно да зборувате за менталните здравствени проблеми и онеспособености, дури и со семејството, пријателите или лица од заедницата на кои им верувате. Тоа значи дека можеби не ги добивате помошта и поддршката кои ви се потребни.
Во Wellways, работиме со вас со цел да разбереме што ви е потребно за да заздравите и да останете здрави. Можеме да ви понудиме информации и други помагала кои се соодветни за вас. Можеме да ви понудиме информации и програми на на вашиот јазик или да ве поврземе со други лица кои поминале низ слично искуство.
Можете исто така да се вклучите во нашата организација како член или доброволец и да учествуватепри создавањето на позитивни измени за други лица.
За да разговарате со нас за вашите потреби и каква помош можете да добиете во вашето локално подрачје, ве молиме телефонирајте во нашата Телефонска служба за информации.
Ако ви е потребен преведувач, можете да го побарате тоа овде.